Путин: „Единствена Русија“ не е единствената која победува на избори

„Сите велат дека треба да се гласа на парламентарните избори. Колку тоа има смисла, кога сеедно сѐ ќе заврши во полза на „Единствена Русија“?, гласеше едно од прашањата упатени до претседателот на Русија во текот на Директната линија.

Владимир Путин потсети на зборовите на „таткото на нацијата“ Сталин: не е важно кој како гласа, туку кој што мисли.

„Се надевам дека сепак тоа денеска не важи. Луѓето имаат право да бараат и очекуваат ефикасна работа на власта. А „Единствена Русија“ е фактор на стабилизација на нашиот систем. Улогата на „Единствена Русија“ е многу важна. Но гледаме дека претставникот „Единствена Русија“ во Иркутската област загуби на изборите. Му недостигаа 0,3% од гласовите. И никој ништо не му „додаде“. Во вториот круг загуби од претставник на КПРФ. Претставници на други партии победија и на изборите во Екатеринбург, Новосибирск, Петрозаводск... Значи, ако жителите на регионот сфатат дека нивнат граѓанска должност е да гласаат, ќе ја имаме онаа власт која народот ја сака“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња