Најавена премиера на „Тигр-М “ и „Арбалет-ДМ“ на Парадата на Победата

На Парадата на Победата во Москва првпат ќе може да се види оклопната техника „Тигр-М“ со далечинскиот борбен модул „Арбалет-ДМ“, изјави Сергеј Суворов, портпарол на Воено-индустрискиот комплекс (ВПК).

Како што изјави Суворов, на премиерата на новата воена техника усовршените „Тигри“ ќе дефилираат во иста група со мобилните стратешки системи „Јарс“.

„Заедно со нашите партнери – фабриката КЕМЗ и компанијата „Оружејние мастерские“ кои работеа на борбениот модул „Арбалет“ – ги исполнуваме обврските пропишани во договорот со Министерството за одбрана“, рече Сергеј Суворов за „Известија“.

Војската годинава ќе ја добие првата сериска партија оклопни возила „Тигр-М“ со далечинскиот борбен модул „Арбалет-ДМ“, и затоа е логично што војската се одлучи да ја покаже техниката на парадата, додава тој.  

Според она што можеше да се види на пробите на свечениот марш во Алабино (Подмосковје), други новитети на 9 мај нема да има. Како и минатата година на Црвениот плоштад ќе се види колона од најновата техника на копнената војска: тенковите Т-14 „Армата“, борбеното пешадиско возило „Курганец“ и оклопниот транспортер „Бумеранг“, како и најновиот самооден 152-милиметарски артилериски систем „Коалиција-СВ“. Воздушно-десантната војска ќе го покаже БТР „Ракушка“ и новите борбени возила БМД-4М. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња