Руската воена морнарица добива хиперсонична ракета по 2020 година

Хиперсоничната ракета, која во иднина треба да ја замени надзвучната крстосувачка ракета „Оникс“, се наоѓа во првата фаза од тестирањето, соопшти извор близок до Воено-индустриската комисија на Русија.

Неименуван извор близок до Воено-индустриската комисија на РФ откри дека хиперсоничната ракета, која во иднина треба да ја замени надзвучната крстосувачка ракета „Оникс“, се наоѓа во првата фаза од тестирањето. 

Тестирањата на летањето на прототипот на производот почнаа пред шест месеци, есента 2015 година. Според оценките на стручњаците, тие можат да потраат околу пет години, рече изворот за агенцијата „Интерфакс“.

Карактеристиките на хиперсоничната ракета „Циркон“ претставуваат тајна. Познато е дека дострелот на новата ракета би можел да изнесува до 400 километри, а брзината на летањето би била петпати поголема од брзината на звукот, пренесува „Взгљад“. 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња