Апликацијата „Руски филм“ (Русское кино) која ги содржи најдобрите филмови од руска и советска продукција, серии и анимирани филмови, е пуштена во работа во 248 земји. Ова го соопшти генералниот директор на онлајн-киното Tvzavr.ru Марина Суригина, пренесува ТАСС.
„Го објавуваме почетокот на новиот проект „Руски филм“. На 12 април тој стартува ексклузивно на платформата LG Smart TV во 248 земји“, изјави таа. Според нејзините зборови, при крајот на мај се планира пуштање во работа на апликацијата на други уреди, како и создавање на сајт.
Апликацијата се состои од четири дела: филмови, серии, анимирани филмови и советска кинематографија.
„До крајот на мај во целост ќе биде подготвена двојазична апликација - на англиски и на руски јазик“, прецизираше Суригина.
Таа соопшти дека „меѓународната презентација на проектот ќе се одржи на Канскиот фестивал во мај 2016 година“, а „приоритетни земји за промовирање на апликацијата се САД, Израел, Германија, земјите од Источна Европа“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче