Москва реагираше на информациите за „План Б“ на САД за Сирија

Москва ја отфрла можноста од притисок врз неа од било која страна, изјави заменик-министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Рјабков, коментирајќи ги информациите за можен „План Б“ на САД за Сирија.

Притоа дипломатот изјави дека Москва ништо не знае за евентуалниот „План Б“ на Вашингтон во врска со Сирија, пишува „Взгљад“.

„На периоди настануваат ситуации кога почнуваат разговори за некаков план „Б“. Нам ништо не ни е познато за некаков план „Б“, со нас никој не дискутирал, ние работиме на режимот за на прекин на борбените дејствија. Ако навистина постои план „Б“ во вид на премин кон евентуални безбедносни операции, тогаш тоа предизвикува длабока тревога и големо разочарување... Се надевам дека не постои“, изјави Рјабков.

Преходно медиумите соопштија за „План Б“ на САД за Сирија, според кој ЦИА ќе ѝ испрати на таканаречената умерена опозиција средства за ПВО, доколку примирјето биде прекинато. Под „План А“ во Вашингтон се подразбира регулирањето во земјата врз база на воспоставениот режим на прекин на огнот.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња