„Гаспром“ и приватните турски гасни компании ги решија сите спорни прашања за формирањето на цената за испораката на гас, изјави за РИА „Новости“ извор запознаен со ситуацијата.
Според неговите информации, договорот меѓу страните бил постигнат деновиве, а официјално ќе биде објавено во најскоро време. Соговорникот не сакаше да даде повеќе детали.
Во Турција, покрај државната „Ботас“, „Гаспром“ соработува со приватни компании како што се „Енрко Енерџи“, „Аврасиа гас“ и „Акфел гас“ (сите три спаѓаат во „Акфел Холдинг“), „Босфорус гас“ „Шел Турција“, „Бати Хати“ и „Кибар Енерџи“. На крајот на април 2015 година „Гаспром“ се договори со овие компании за попуст на гасот од 10,25%.
Меѓутоа, на почетокот на март 2016 година „Енерко енерџи“ соопшти дека „Гаспром“ побарал од увозниците покачена цена за гасот што го купуваат. По одбивањето на турската страна, руската компанија од крајот на февруари почна да ги ограничува испораките на горивото.
Весникот „Хуриет“ повикувајќи се на извори во гасните компании соопшти дека импортерите не исклучуваат тужба против „Гаспром“ во меѓународен арбитражен суд.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче