Двајца Руси уапсени во Турција за шпионажа

Според информациите на извор на турските медиуми во специјалните служи, граѓаните на Русија се осомничени и за убиство на доселеник од Чеченија.

Двајца државјани на Русија, кои турските специјални служби ги приведоа во петокот во текот на операција во Истанбул, се уапсени поради сомнение за шпионска активност, соопштува весникот „Милиет“.

Според информациите на извор на весникот во специјалните служби на Турција, руските државјани Јуриј Анисимов и Александар Смирнов се осомничени за шпионажа, како и за учество во убиството на доселеникот од Чеченија Абдулвахид Едлгериев. Како што пишува изданието, тие одбиваат да одговорат на прашањата на иследниците.

Се соопштува дека од Русија се одземени фалсификувани документи со кои тие наводно влегле во Турција.

Генералниот конзул на Русија во Турција го потврди приведувањето на Русите. Според зборовите на дипломатот, тие ги негираат обвинувањата.

Како што соопшти претходно весникот „Сабах“, на 2 ноември 2015 година во Истанбул беше убиен иселеникот од Чеченија Георгиј Камаев, попознат како Абдулвахид Едилгериев. Според информациите на изданието, Камаев, кој живеел во Турција од 2008 година, кратко време пред да биде убиен, се вратил од Сирија каде војувал на страната на една од екстремистичките групи.

Како што истакнуваат медиумите, Едилгериев (Камаев) е администратор на еден од екстремистичките сајтови и роднина на поранешниот министер за информации на таканаречената Ичкерија Мовлади Удугов.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња