Американската војска им ја честиташе на руските колеги победата во Палмира

Припадниците на американската војска им го честитаа на руските колеги ослободувањето на Палмира и изразија подготвеност да продолжат со размената на информации за позициите на терористите, изјави постојаниот претставник на Русија во одделот на ООН и други организации во Женева Алексеј Бородавкин.

„Американските партнери ѝ ја честитаа на нашата војска победата во Палмира и изразија подготвеност да продолжат со размената на информациите за лоцирањето на терористичките групации првенствено на „Исламската држава“ и „Џебхат ан-Нусра“, изјави Бородавкин.

„Посебно би сакал да нагласам дека соработката меѓу војските на нашите земји е подигната на квалитативно ново ниво. Тие контактираат овде во Женева, навистина секојдневно. Освен тоа, соработуваат во работната група и одржуваат редовни телефонски разговори на линија Хмејмим-Женева-Аман-Вашингтон“, рече дипломатот.

Бородавкин нагласи дека Русија го оценува ангажманот на работните групи за прекин на борбените дејствија и хуманитарни прашања, чии копретседавачи се Русија и САД, како многу добар. Кога станува збор за групата за поддршка на режимот на прекин на воените дејствија, сите информации за неговото кршење копретседавачите РФ и САД ги проучуваат многу внимателно, нагласи тој.

Истовремено, има простор за развој на соработката. „Би сакале од нив да добиеме попрецизни координати за да може нашата војска да ги одреди точните цели за ракетните напади врз терористите“, додаде Бородавкин, пишува „Взгљад“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња