Рогозин: Документацијата за моторите РД-180 САД ја добија за време на Елцин

Документацијата за ракетните мотори РД-180 е предадена на САД уште во времето на првиот претседател на Русија Борис Елцин, но нивното производство во САД не се покажа економски исплатливо и затоа тие продолжуваат да купуваат мотори од Русија без оглед на санкциите, изјави вицепремиерот на Русија Дмитриј Рогозин.

„Договорот за РД-180 е уште од 1994 година. За време на другарот Борис Николаевич Елциј успеавме не само да ги испорачуваме тие мотори, туку ја предадовме и целата техничка документација за нивно производство на територијата на САД“, рече Рогозин во програмата на радиото „Ехото на Москва“.

Поради различни причини САД не успеаја да развијат масовно производство на РД-180 за американските ракети-носачи „Атлас“. Резултат на тоа е што Американците и понатаму продолжуваат да купуваат во Русија готови мотори.

Претходно директорот на „Роскосмос“ Игор Комаров изјави дека САД и во следните неколку години ќе бидат принудени да ги купуваат РД-180 во Русија.

„Тие (моторите) во моментов се најдобрите од сите постоечки на светот од гледна точка на односот цена/квалитет“, објасни Комаров, пренесе РИА „Новости“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња