Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров изрази увереност дека групата на седумте најразвиени земји не влијае на меѓународната политика.
„Г-7 е за нас „апстрактна“ конструкција чие влијание на меѓународниот политички живот, искрено кажано, не го забележав“, ја пренесува РИА „Новости” изјавата а Лавров од интервјуто кое тој го даде за медиумите од Монголија, Јапонија и Кина.
Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров додаде дека смета дека кризата во Украина не треба да биде разгледувана во рамките на Г-7.
„Групата 7 не е механизам кој било кој го признава како платформа за разгледување на украинската криза. Украинската криза треба да биде разгледувана и решавана врз основа на „Минската спогодба“ од февруари 2015 година“, изјави Лавров.
Лавров потсети дека „Минската спогодба“ буквално и без какви било измени е одобрена од страна на Советот за безбедност на ОН. Исто така со истата одлука е одобрен форматот на контакт-групата и нејзините четири подгрупи.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче