Во ниеден од западните главни градови никој од анкетираните граѓани не можеше да одговори на прашањето што се случило на 12 април 1961 година.
Мнозинството испитаници во Вашингтон на фотографијата која им беше покажана не го препозна Јуриј Гагарин. Тие беа убедени дека првиот човек во вселената не бил советскиот космонаут, туку американскиот астронаут Нил Армстронг, кој инаку беше првиот што стапна на Месечината. Меѓу анкетираните имаше и такви кои успеаја да се сетат на името на советскиот пилот и космонаут, но кај презимето „запнаа“. Интересно е дека едно од ретките лица кои точно одговорија на поставеното прашање беше Британец кој се нашол во Америка.
Ни во Велика Британија резултати од анкетата не се разликуваа многу. Како прв човек во вселената, исто како и во Вашингтон, беше наведувано името на американскиот астронаут Нил Армстронг, а еден од соговорниците се досети и на Баз Олдрин, член на вселенската мисија која се спушти на Месечината.
Од граѓаните на Амстердам, исто така, повеќето не го препознаа првиот космонаут во вселената, меѓутоа меѓу нив имаше и такви кои успеаја да го идентификуваат Гагарин. Еден од анкетираните се збрка и помисли дека Гагарин е холандски астронаут на чие име не можеше да се сети.
На 12 април 1961 година Јуриј Гагарин стана првиот човек кој полета во вселената. Летот на неговиот вселенски брод „Восток-1“ околу Земјата траеше 108 минути.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче