Обелоденети се првите детали за работата врз новиот автомобил на УАЗ, моделот со индекс 3170, пишува http://autorambler.ru.
Според информациите на изворот кој е запознаен со проектот, УАЗ 3170 треба да се појави во 2020 година. Се работи за крајниот рок, што значи дека нема да има поместувања и дека ќе пристигне на време.
Од разговорот со заменикот-генерален директор на УАЗ Алексеј Матасов може да се заклучи дека новиот модел 3170 нема да има рамна конструкција. Исто така, претставникот на УАЗ нагласи дека новиот производ нема да претставува конкуренција на „Патриот“.
Претходно беше нагласено дека автомобилите се наменети за разни целни групи.
Исто така беше кажано дека „Патриот“ би можел да добие нов мотор. Очигледно ако стручњаците на УАЗ ја завршат работата на него, тогаш моторот би можел да се смести и под хаубата на новиот 3170, а како што се очекува ќе биде со помала зафатнина од постојните, бензинските од 2,7 литри со 128 КС и дизел од 2,2 литри со 114 КС.
Познато е исто така и дека во УАЗ се работи на нов шестостепен мануелен менувач со кој во иднина ќе биде опремен 3170.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче