Весникот „Вашингтон Пост“ објави текст под наслов „Не баш безумна теорија според која Русија ги намести панамските документи“. Новинарот Адам Тејлор својата приказна и претпоставка дека зад протекувањето на таканаречените „панамски документи“ стои Русија ги заснова врз статијата на економистот Клифорд Џ. Геди.
Геди потсетува дека во објавената архива која наводно ја докажува поврзаноста на бројни лидери со работењето во таканаречените даночни раеви името на рускиот лидер изрично не се споменува, додека сите други информации кои имаат каква било врска со него се помалку или повеќе познати. Тоа му кажува на Гети само едно, дека зад „Панамагејт“ стои Москва. Неговото генијално откритие гласи: Откако со објавувањето на компромитирачкиот материјал „примерните западни демократии“ се фатени на дело, Русија сега ликува, затоа што повеќе никој нема да покаже со прст спрема неа со обвинувања за слични работи. „Заклучокот“ е дека Русија немаше штета, туку полза од објавениот материјал.
Притоа западните медиуми како главен херој на аферата во насловите редовно го пласираа токму рускиот лидер, иако тој никаде не се споменува експлицитно.
Американскиот економист вели во својот критички осврт за изворот на германските новинари: „Ниеден одговорен човек кој се бори за владеење на правото не би поддржал објавување на толку голема архива со документи. Тоа повторно зборува дека зад сето тоа стои Русија, зашто објавувањето на таквите документи е во состојба да „соборува режими со непредвидливи последици“.
До документите на адвокатската канцелари „Монсак Фонсека“ дошле руски хакери, специјалното сајбер-одделение во Кремљ, со поддршка на финансиската разузнавачка служба. Тие уште во 2015 година им пишувале на германските новинари. Се разбира, докази не се нудат.
Во документите кои содржат тајни корпорациски информации се појавува мал број американски граѓани, а тоа е затоа што податоците за нив се тргнати на страна за да може Русија подоцна да ги уценува, независно дали се тоа приватни лица или компании. Аналитичарот, исто така, верува дека во необјавената документација има уште многу Американци и дека нивните имиња намерно не се обелоденети.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче