Според зборови на извор на „Руска реч на македонски“ во одбранбено-индустрискиот комплекс, во моментов Москва и Техеран ги продолжуваат преговорите за развој на комплексен систем за противвоздушна одбрана на Исламската република. Така, во февруари 2016 година во текот на посетата на министерот за одбрана на Иран Хосеин Дехган беа дискутирани прашања од воено-техничката соработка и можностите за испорака на ЗРК С-400.
Сепак, според зборовите на соговорникот на „Руска реч на македонски“, Москва нема да им ги испорачува на своите странски партнери наведените системи сѐ додека не испорача 18 полкови С-400 за сопствената армија. А Иран ќе мора „да почека на ред“ по Кина, Индија и низа други земји.
„Иран исто така покажува интерес за повеќе наменските ловци Cу-30, артилериските системи „Мста-С“, тенковите Т-90С, ЗРК „Бук-М2“, ЗРПК „Панцир-С1“ и друго домашно вооружување. Но, сѐ додека важат санкциите на Советот за безбедност, Москва нема да ѝ ги испорачува на Исламската република овие системи“, истакна соговорникот на „Руска реч на македонски“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче