Јужна Осетија ќе одржи референдум за присоединување кон Русија

Раководството на Јужна Осетија има намера до август годинава да одржи референдум за влегување во состав на Русија, изјави претседателот на републиката Леонид Тибилов. 20

„Веќе дискутираме за роковите. Некаков конкретен датум засега не можеме да наведеме. Но тоа ќе се случи во блиска иднина, планираме до август“, изјави Тибилов, пишува „Взгљад“.

Тој објасни дека на гласањето ќе биде изнесено прашање за промена на уставот на Јужна Осетија, што ќе овозможи во иднина обраќање до раководството на Русија со барање за присоединување. Цхинвали не очекува дека Москва веднаш ќе реагира на резултатите од референдумот.

„Во моментов, поаѓајќи од ситуацијата во светот, не би сакале да го подложиме на сериозни политички ризици нашиот стратешки партнер претставен во ликот на Русија. Соодветно на тоа, дојдовме до заклучок дека треба да внесеме промени во важечкиот устав, во неговиот член 10. Да внесеме такви измени кои би му овозможувале на претседателот да се обрати по договор со парламентот на републиката до највисокото раководство на Русија по прашањето за разгледување на можноста за влегување во нејзин состав“, изјави Тибилов.

На 5 април парламентот на Јужна Осетија го ратификуваше договорот со Русија за државната граница. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња