Москва не води никаква кампања за хајка против турскиот бизнис или негово истиснување од Русија, изјави портпаролот на руското МНР Марија Захарова, пренесува РИА „Новости“.
„Нема никаква државна забрана за да се истисне бизнисот со Турците и не може да има“, изјави таа за новинарите.
Претходно министерот за економија на Турција Мустафа Елиташ изјави дека во јануари 2016 година извозот на турска роба во Русија се намалил речиси трипати. Вкупните загуби поради кризата со Русија, согласно податоците на истражувачкиот институт Турски фонд за социјални, економски и политички истражувања (Turkish Social, Economic and Political Research Foundation) изнесуваат околу 11 милијарди долари годишно.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче