Двата системи повеќе не се во опозиција, во суштина се залагаме за исти работи како слобода, демократија и пазарна економија, рече Марија Захарова.
Портпаролот на МНР РФ истакна дека постојат различни погледи на цела низа проблеми, но дека не може да се зборува за нова студена војна.
„Мислам дека една од целите во кои стрелаат САД е Европа, но САД не можат директно да го гибаат својот сојузник. Меѓутоа куршумите истрелани кон Русија се одбиваат и на Европа ѝ нанесуваа навистина сериозен удар“, додаде портпаролот на руската дипломатија.
Захарова неодамна истакна дека САД сериозно почнале да се занимаваат со воени планови против Русија и дека Москва ќе го има тоа предвид при осигурувањето на својата безбедност, пренесува „Взгљад“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче