Москва реагира на оставката на украинскиот премиер Јацењук

Портпаролот на МНР РФ Марија Захарова и шефот на Комитетот на Државната дума за меѓународни односи Алексеј Пушков се огласија по повод оставката на Јацењук.

Портпаролот на МНР РФ Марија Захарова се пошегува на сметка на Јацењук, изјавувајќи дека не случајно Јацењук го одбрал 12 април за ден на неговата оставка, бидејќи тој ден се одбележува Денот на космонаутиката, а целите на Јацењук ги надминуваат димензиите на нашата планета.

„Земјата стана мала за претседателот на владата на Украина кој има цели од вселенски размери“, се пошегува таа.

Пушков, од своја страна, смета дека Јацењук ќе остане запаметен како „пропаднат премиер“.

„Јацењук ќе остане запаметен како учесник во државниот преврат 2014 година и автор на финансиската и економската пропаст на Украина“, изјави тој.

Според неговите зборови, украинскиот премиер во текот на целиот негов мандат иницирал апсолутно „бесмислени и лоши“ проекти кои го уништиле украинскиот буџет, пренесува „Лента.ру“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња