Германија сака Русија да се врати во Г-8

Министерот за надворешни работи на Германија Франк-Валтер Штајнамер истакна дека не е можно решавање на ниту еден голем меѓународен конфликт без учество на Русија и изрази надеж дека во догледно време ќе биде можно враќање на Русија во форматот Г-8.

Г-7 за година дена би можела да го разгледа враќањето на Русија во форматот Г-8, како и условите кои по тој повод треба да бидат исполнето, истакна министерот за надворешни работи на Германија Франк Валтер-Штајнмаер.

„Не би сакал предолго да останеме во форматот Г-7, туку да создадеме услови за враќање во Г-8. Меѓутоа годинава за тоа сѐ уште не постојат услови“, рече Штајнмаер пред средбата на министрите за надворешни работи на Г-7 во Хирошима, пишува германскиот магазин „Цајт“.

Потребата од нејзиниот придонес во решавањето на конфликтот во Украина и долготрајната „конструктивна улога“ во мирното регулирање на ситуацијата во Сирија се основните претпоставки за враќање на Русија во Г-8, истакна германскиот министер.

Тој исто така рече дека денеска ниту еден голем конфликт во светот не може да се реши без учеството на Русија, пренесува РТ на руски.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња