Портпаролот на Белата куќа Џенифер Фридман соопшти дека САД ги потврдија и поздравија вестите за ослободувањето на државјанин на САД во Сирија и додаде дека САД ги разгледуваат сите можни начини за безбедно ослободување на Американците кои исчезнаа или се заробени во Сирија, пренесува РИА „Новости“.
„Што се однесува до тие разговори, немам коментар за тоа“, одговори Фридман на барањето да ги коментира зборовите на портпаролот на руското Министерство за одбрана за молбата на Обама.
Во четвртокот САД објавија дека нивен државјанин е ослободен во Сирија. Официјален Вашингтон не го објави името на ослободениот, но медиумите соопштија дека станува збор за 33-годишниот Кевин Дус.
Во петокот портпаролот на Министерството за надворешни работи на Русија Марија Захарова соопшти дека Барак Обама му се обратил лично на Владимир Путин барајќи помош во потрагата по државјаните на САД кои се наоѓаат на територијата на Сирија. Захарова, исто така, го потврди и името на ослободениот Американец, изјавувајќи дека на 1 април Дус бил транспортиран во Москва со руски воен товарен авион и предаден на претставници на амбасадата на САД, по што ја напуштил Русија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче