На САД им требаат 18 руски мотори за сателити

САД ќе произведат сопствени ракетни мотори за шест години и затоа Русија во моментов е достапен и сигурен излез за летање во вселената, соопшти Пентагон.

Министерството за одбрана на САД во следните шест години, додека да произведе сопствен ракетен мотор, може да купи уште 18 руски мотори РД-180 за лансирање воени сателити, изјави заменик-министерот за одбрана на САД Роберт Ворк.

Како што изјави претставникот на Пентагон за агенцијата „Ројтерс“, САД треба да имаат најмалку „два достапни и сигурни начини за да стигнат до вселената“. Во врска со тоа, според неговите зборови, до појавата на американските мотори САД мораат да сметаат на руските РД-180.

„Едноставно не гледаме начин да добиеме нов мотор порано од шест години и затоа за овој преоден период ни се потребни РД-180. Не повеќе од 18…“, изјави тој. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња