Медиум: Москва и Западот ќе дискутираат за „нови правила на игра“

Во следниве две недели Советот Русија-НАТО треба да ја обнови својата работа, соопштува „Ди Велт“. На тој начин Западот би имал можност да дискутира со Москва за „новите правила на игра“, истакнува германското издание, затоа што западните земји се заинтересирани за Русија чии постапки се повеќе или помалку предвидливи.

Советот Русија-НАТО ќе ја обнови работата во следниве две недели, пишува германски „Ди Велт“. Главна тема на претстојната средба на ниво на амбасадори ќе биде кризата во Украина. „Двете страни, очигледно, се надеваат да постигнат поголем напредок (во решавањето на конфликтот) отколку во март 2014 година“.  

Според зборовите на генералниот секретар на Северноатлантската алијанса Јенс Столтенберг, оваа средба ќе биде „продолжение на политичкиот дијалог“. Тој исто така потенцираше дека работата на Советот Русија-НАТО во претходниот режим ќе се обнови само ако Москва почне да се придржува до нормите на меѓународното право.

Без оглед на антируските санкции и обидите да се изврши притисок врз Кремљ, западните земји „секогаш оставаа отворен прозорец за дијалог во случај Путин сепак да тргне на отстапки“, констатира изданието. „Западот е заинтересиран за Русија чии дејствија се помалку или повеќе предвидливи и бара нов модус вивенди“.

Поаѓајќи од тоа, германското издание смета дека е сосем логично враќањето на форматот на Советот Русија-НАТО. На тој начин Западот би можел да дискутира со Москва за „новите правила на игра“.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња