Лавров: Се прави нов концепт на надворешната политика на Русија

Периодот на неодреденост на меѓународната сцена продолжува, ситуацијата во светот останува противречна, наведе шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров и додаде дека оваа тенденција ќе се одрази на концепот на надворешната политика која се изработува по налог на претседателот на Русија.

Министерството за надворешни работи на Русија работи на нова доктрина на руската надворешна политика, соопшти шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, пренесува РИА „Новости“.

Според зборовите на Лавров, „периодот на неодреденост во меѓународните работи продолжува“, невозможно е „одеднаш да се одговори на сите прашања и да се открие некаква волшебна формула која ќе овозможи решавање на сите проблеми“, особено во сегашната „мозаична, противречна“ меѓународна ситуација.

„Притоа, се разбира, може да се забележи заедничка тенденција, сите тие тенденции ние се трудиме да ги рефлектираме во нашите основни доктринални документи. Тоа е и стратегијата за национална безбедност на Русија, и концептот на надворешната политика на Русија“, истакна тој.

Според Лавров, станува збор за премин на нова, полицентрична архитектура на светската политика, кој „во идеален случај треба да се потпира на соработката на водечките центри на силите во интерес на заедничко решавање на глобалните проблеми“.  

Последен пат концептот на надворешната политика на Русија беше ревидиран во 2013 година. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња