„Што се однесува до моите лични афинитети, јас сакам добар филм: имаме многу патриотски филмови, посветени на нашите херои од Втората светска војна, стари советски, многу добро претставена класика“, изјави тој на пленарната седница на медиафорумот на Општорускиот народен фронт на 7 април во Санкт Петербург.
На пример, шефот на руската држава го нарече ремек-дело филмот „Војна и мир“ на Сергеј Бондарчук постариот, класиката на советската кинематографија кој доби „Оскар“ како најдобар филм од неанглиско говорно подрачје во 1969 година. Путин истакна дека и странските продуценти се навраќаат на класичните руски сижеа, на пример, тој потсети на „Војна и мир“ од британска продукција. „И тоа го гледав, ми се допадна“, рече рускиот претседател. „Ми се чини дека тие сепак успеале да ја почувствуваат и руската душа, и епохата, и длабочината на мислата на Толстој“.
Според неговите зборови, „во уметноста воопшто, во филмската уметност најважни се добриот почеток и љубовта, љубовта во најширока смисла на зборот“, пренесува ТАСС.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче