Постапките на пилотите причина за падот на Боингот 737 кај Ростов на Дон

Стручњаците на Меѓународниот авијациски комитет утврдија дека противречните дејствија на пилотите при повторниот обид за слетување довеле до трагедијата на авионот Боинг 737 и загинувањето на 62 лица на 19 март.

Противречните постапки на пилотите на Боингот 737 на компанијата „ФлајДубаи“ на двете кормила довеле до „прекин“ во управувањето и рушење на авионот на 19 март кај Ростов на Дон.

„Истовремено со тргање на кормилото „од себе“ од страна на екипажот, стабилизаторот на авионот бил оттргнат за 5 степени за пикирање, по што авионот преминал во енергично снижување со реализација на вертикална преоптовареност“, се вели во соопштението на Меѓународниот авијациски комитет (МАК).

На висина од 220 метри екипажот донел одлука да направи дополнителен круг и се префрлил од автоматски режим на управување на рачно управување. Тој момент настанала ситуацијата која довела до трагедијата.

Според истрагата на МАК, времето во околината на аеродромот во Ростов на Дон во текот на слетувањето одговарало на информациите на пилотите – тие биле претходно известени за сложените временски услови уште во текот на полетувањето.

Експертите на МАК потенцираат дека „пилотите на воздухопловот имале важечки свидетелства за пилоти, ја поминале неопходната обука, имале доволно „летови“ со наведениот тип на авион и ги имале сите потребни документи“.

Стручњаците ја продолжуваат работата над утврдувањето на деталната слика на летот и разговорите на екипажот.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња