Медиуми: Русија и САД почнаа со подготовка на нацрт-уставот на Сирија

Русија и САД во моментов работата на подготовка на предлогот за устав на Сирија, пренесува агенцијата „Блумберг“ повикувајќи се на руски и западни дипломати.

Како што прецизираше неименуван претставник на една од западните земји, работата засега се наоѓа во почетен стадиум. Според неговите зборови, предлозите на Русија се блиски до позициите на сириската влада“, пренесува агенцијата „Блумберг“.

Според информациите на неименуван руски дипломат, САД и Русија продолжуваат со размена на идеи по ова прашање.

Како што изјави државниот секретар на САД Џон Кери во Москва во март, Русија и САД се договорија до август да создадат основи за политички преод во Сирија и да изработат предлог за новиот устав на земјата. Коментирајќи ги зборовите на државниот секретар на САД, заменик-министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Рјабков изјави дека роковите се стриктни, но никој не може да наведе конкретен датум.

На 30 март претседателот на Сирија Башар Асад соопшти дека во текот на следните недели може да биде изготвен предлогот за новиот устав на Сирија и дека за тоа останале само неколку прашања. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња