По завршувањето на преговорите со шефовите на дипломатиите на Иран и Азербејџан, Русија се договори да почне со предметно проучување на реализацијата на проектот на транспортниот коридор „Север-Југ“. Коридорот треба да минува од Русија преку западното крајбрежје на Каспиското море во Азербејџан до Иран, изјави министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров.
„Тоа предвидува работа со учество на министерствата за транспорт кои треба да ги разгледаат техничките и финансиските параметри на проектот. Тоа исто така предвидува соработка на царинските и конзуларните служби, и ние за ова се договоривме денеска“, рече Лавров.
„Сметаме дека реализацијата на овие проекти ќе го забрза транзитот на стокиГи разгледуваме последните елементи“, изјави од своја страна шефот на МНР Иран Мохмад Џавад Зариф. „Сметаме дека наведената соработка ќе им служи на интересите на народите на Иран, Азербејџан и Русија – и, се разбира, на интересите на самиот регион“, додаде шефот на иранската дипломатија.
Транспортниот коридор од Русија до Иран преку Азербејџан е важен дел од големиот проект „Север-Југ“ која беше ставен во мирување поради санкциите на Западот против Иран. Со укинувањето на санкциите, реализацијата на проектот повторно се актуелизира.
Транспортниот коридор „Север-Југ“ е маршрута од Санкт Петербург до Мумбај во Индија, со должина од 7,2 илјади километри. Неговата цел е транзит на транспорт од Индија, Иран и другите земји од Персискиот залив до руска територија преку Каспиското море и понатаму во Северна и Западна Европа, пишува „Взгљад“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче