Најновиот ракетен систем со долг дострел С-500 ќе добие апсолутно нови системи за радиоврска на кои им нема еднакви по квалитет и опсег на пренесување на податоците, како и нечујност, соопштија дизајнерите.
„Во моментов корпорацијата врши разработка на средства од идната, шеста генерација за комплетирање на различни видови воена техника, вклучително и на ракетните системи, како на оние кои веќе се во состав на вооружувањето, така и на оние перспективните“, соопшти за „Газета.ру“ претставник на Одбранбено-индустрискиот комплекс (ОПК) , истакнувајќи дека ЗРК С-500 е еден од таквите системи.
Претставникот на ОПК објасни: радиостаниците од претходната генерација работеа на претходно утврдени фреквенции, што ја зголемуваше веројатноста за следење и пресретнување на пренесуваната информација, а кај перспективните системи такви ситуации се невозможни.
„Апаратурата ќе поседува принципиелно нови можности и суштински ќе ги зголеми квалитетот, опсегот, сигурноста и тајноста на врската. Создавањето на техника за врска од шеста генерација е прашање за следните две години“, прецизираше претставникот на ОПК.
Експертот во областа на средствата за противвоздушна и противракетна одбрана Михаил Ходаренок објасни за „Газета.ру“: основните барања за средствата и системите за врска на ПВО системите се тајноста и сигурноста од пресретнување.
„Тајноста, за да се скрие што зборуваат луѓето, што се пренесува, каква размена на информации е во тек, а сигурност од пресретнување е за да може врската да работи при секакви услови и влијанија на противникот“, вели експертот. „Никакви пречки, создавани од противникот во дијапазонот на предавање на телекодирана информација, воопшто не смеат да се одразуваат на работоспособноста на средствата на системот, затоа што командното место е на едно место, дивизионот е на друго, лансирната рампа на трето, а потребно е да се предаде информација. Има антени кои се креваат и овозможуваат реализација на врската“, појасни Ходаренок.
С-500 е универзален систем со долг дострел и висинско пресретнување со зголемен потенцијал на противракетна одбрана. Системот значително ќе го надминува денешниот современ руски ЗРК „Триумф“ С-400, кој се покажа во текот на операцијата на Воздушно-космичките сили во Сирија, покривајќи ја целата територија на земјата (радиусот на дејство е 400 км), на тој на чин претворајќи ја во зона без летови. С-500 ќе може да открива и истовремено да неутрализира до десет балистички надзвучни цели кои летаат со брзина до 7 км/с, и да неутрализира боеви глави на хиперзвучни ракети.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче