Путин првпат ги коментираше „Панамските документи“

Ова е обид да се разниша ситуацијата однатре, во „документите“ нема коруптивна компонента, смета претседателот на РФ Владимир Путин.

Рускиот претседател го нарече истражувањето за оф-шор сметките на Меѓународниот конзорциум за новинарски истражувања (ICIJ) „обид да се разниша ситуацијата однатре“ и „да се направи Русија попустлива“. Во „панамските документи“ не станува збор за него, а покрај тоа, во нив нема коруптивна компонента, додаде Владимир Путин.

„Еве има некој пријател на господинот претседател на Русија, тој нешто направил таму, тоа има некаква коруптивна компонента... Каква? Таму нема никаква“, изјави тој.

Станува збор за познатиот виолончелист и близок пријател на претседателот на Русија Сергеј Ролдугин кој стана централна фигура во делот на истражувањето што се однесува до Русија. Во „документите“ го нарекуваат раководител на оф-шор империја и „чуварот на парите на Путин“, на чија сметка има наводно 2 милијарди долари. Путин изјави дека се гордее со таквите луѓе како неговиот пријател Ролдугин. Според зборовите на претседателот, речиси сите свои средства Ролдугин ги трошел на музички инструменти кои им ги подарувал на државните установи. Ролдугин се занимава со претприемништво, „но не заработува милијарди долари“, потенцираше Путин.

Меѓународното истражување „Панамски документи“ беше објавено на 3 април врз основа на протекувањето на податоците од панамската правна фирма „Мосак Фонсека“ и зборува за оф-шор сметки на функционери од Исланд, Велика Британија, Украина, Азербејџан итн. Еден дел од извештајот е посветен на 12 руски политичари и бизнисмени.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња