Медведев: Референдумот во Холандија го покажа односот на ЕУ спрема Украина

Холанѓаните гласаа против ратификација на договорот за асоцијација на Украина со ЕУ.

Премиерот на Русија Дмитриј Медведев ги оцени на својот Твитер профил резултатите од референдумот во Холандија за асоцијација на Украина со Европската унија како показател на односот на Европејците спрема украинскиот политички систем.

38,1% од гласачите на референдумот гласаа за ратификација на договорот, а 61,1% - против. Излезноста беше 32,2%, што е доволно референдумот да биде признаен како успешен.

Конечните резултати од гласањето ќе бидат објавени на 12 април, но премиерот на Холандија Марк Руте веќе ја призна победата на оние кои се противат на спогодбата.

„Ако излезноста е поголема од 30% и со толку гласови против <...> ратификацијата (на договорот) едноставно не може да продолжи“, рече Руте.

Официјален Киев ги оцени резултатите од референдумот како глас на граѓаните против властите на Холандија, а претседателот на Украина Петро Порошенко го смета референдумот како „напад врз европското единство“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња