Вашингтон има намера да ги проучи таканаречените „Панамски документи“ за да види дали во нив фигурираат лица и компании кои ги прекршиле антируските санкции, соопшти во средата американската агенција „Блумберг“.
Според информациите на изворите на агенцијата „Блумберг“, Министерството за финансии на САД може да воведе казнени мерки против физички и правни лица. Агенцијата истакнува дека американскиот финансиски ресор, како што се очекува, ќе презентира обновен список со луѓе и институции против кои ќе важат санкциите на САД во јуни оваа година.
Минатата година одделот на Министерството за финансии на САД – Управата за контрола на странски активи – веќе воведе казнени мерки против они кои работеле против антируските санкции. Министерството за финансии на САД не даде официјален коментар во врска со тоа.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче