Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја обвини Русија дека застанала на страната на Ерменија во нагорно-карабашкиот конфликт, пишува „Хуриет Дејли Њуз“.
Весникот додава дека Русија е во тесни воени односи со Ерменија, на чија територија се наоѓа руска воена база. Згора на тоа, и двете земји се членки на организацијата на Договорот за колективна безбедност, од чие членство се откажа Азербејџан.
„Русија вели дека Турција зазема страна. Но единствениот кој овде зазема страна е Русија“, изјави турскиот претседател. „Русија сака да зазема страни: таа веќе така правеше во Украина, во Грузија, а денес во Сирија“.
Како што објаснува изданието, Москва ја обвинуваат за разгорување на вооружените конфликти на истокот на Украина и во „грузиските сепаратистички региони“ – Јужна Осетија и Абхазија. Русија исто така ја обвинуваат за здружување со сириската влада и нанесување удари не по „Исламската држава“, туку по сириската опозиција.
„Вие велите дека во Сирија се наоѓате на барање на режимот. Но вие не сте обврзани да одите таму. А ако сепак одите, заземете ја страната на угнетените, а не на угнетувачот“, смета Ердоган.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче