Викиликс: Панамскиот скандал е американски напад врз Путин, спонзор е Сорос

Претставниците на Викиликс изјавуваат дека скандалот што го предизвика објавувањето на документите на фирмата „Мосак Фонсека“ бил финансиран од властите на САД и Фондот Сорос и претставува само дел од медиумската војна против Русија и претседателот Владимир Путин.

„Истекувањето на податоците“ за коруптивните работења во оф-шор зоната во Панама е организирано од американскиот Центар за истражување на корупцијата и организираниот криминал (OCCRP), a спонзор е Агенцијата на САД за меѓународен развој (USAID), како и Фондот Сорос.

Од Викиликс исто така тврдат дека со ова истражување раководела директно владата на САД, поради што и не може да се зборува за „независно новинарско истражување“. „Американскиот OCCRP е во состојба да работи добро, но фактот дека владата на САД директно го финанирала нападот врз Путин од страна на #PanamaPapers сериозно го поткопува неговиот углед", стои во соопштението на Викиликс.

Како што пишува на сајтот на организацијата, OCCRP е официјален назив за Мрежата за развој на новинарството (Journalism Development Network), регистрирана во сојузната држава Мериленд. Во состав на OCCRP се и некои организации од Источна Европа и од постсоветските простори. Проектот OCCRP добивал и продолжува да добива грантови од Фондот за демократија на ООН, Американската агенција за меѓународен развој (USAID), институтот „Отворено општество“ (the Open Society Foundation), пренесува „Взгљад“.

Светските медиуми претходно веќе обратија внимание на тоа дека „сензационалните откритија на независните новинари“ не се однесуваат единствено на САД, Канада и Австралија.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња