Песков објасни што мислел со изразот „вирус на путинофобија“

Во весникот „Зиддојче Цајтунг“ се споменати политичари од разни земји, но светските медиуми на некој потполно необјаснив начин се фокусираа на рускиот претседател, иако неговото име го нема во документите, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.

Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков објасни на што мислел кога зборувал за „вирусот на путинофобија“ во написите на светските медиуми за истрагата околу оф-шор зоните. Иако, како што рече тој, во документите не се споменува името на Путин, светските медиуми се фокусираа токму врз него.

„Навистина таму се наоѓаат бројни информации за многу политичари и луѓе од различни професии, шефови на држави и влади на други земји. Но веројатно, тешко дека некој може да го оспори фактот дека светските медиуми се фокусираа на потполно необјаснив начин, како печатените, така и електронските, главно врз нашата земја и врз нашиот претседател. Токму на тоа мислевме кога зборувавме за „вирусот на путинофобија“ кој погоди многумина на Западот“, рече Песков, пренесува „РИА Новости.

Песков потсети дека во самите документи името на Путин никаде не се споменува и дека поради тоа употребените изрази се фабрикувани и фалсификувани, затоа што сѐ е покриено со путинофобија под нечија диригентска палка.

Песков изрази жалење поради фактот дека овде не станува збор за објективно информирање. Тој нагласи и дека оф-шор сметките не се нелегални и дека бизнисмените користејќи оф-шор компании во своето работење не кршат никакви закони со тоа. Тоа е економска реалност и пракса, која во Русија не е забранета, потсети Песков и нагласи дека проблемот е во тоа што сѐ се пласира без никаква основа исклучително низ призмата на Путин.  

Тој додаде дека токму тука се крие непрофесионвирализмот и медиумскиот напад за кој претходно предупредуваше Кремљ.

Германскиот весник Зиддојче Цајтунг“ претходно објави наводни документи на панамската адвокатска фирма „Мосак Фонсека“, тврдејќи дека тие сведочат за вмешаноста на низа светски лидери и нивното најблиско опкружување во сомнителни оф-шор трансакции.

 

 

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња