Москва и Каиро во април-мај ќе потпишат договор за набавка на „Президент С“

Системот „Президент-С“ е наменет за заштита на воени и цивилни авиони и хеликоптери од ракетни системи. Во 2016 година Русија планира да му испорача на Египет 28 комплети.

Русија и Египет во април-мај ќе потпишат договор за испорака на дополнителна партија системи за авијациска заштита „Президент-С“, соопшти генералниот директор на концернот „Радиелектронски технологии“ Николај Колесов, пренесува РИА „Новости“.

„Сметаме на испорака на 28 единици годинава (според договорот од 2015 година), но сега подготвуваме допонителен договор за 30 единици, затоа што потребата од овие системи кај Египќаните е многу висока“, изјави тој.

Колесов истакна дека Каиро не е единствениот купувач на „Президент-С“. Веќе се потпишани договори за испорака со Индија, Алжир и Белорусија.  

„Президент-С“ е наменет за заштита на воени и цивилни авиони и хеликоптери од авијациски и ракетни системи, како и од ПВО-артилерија.

Системот автоматски го открива лансирањето на ракетата и ја активира примената на пасивни и активни пречки во инфрацрвен и радиодијапазон, што доведува до пречки во работата на системот за самонаведување на ракетата и настанува нејзино пренасочување врз лажни цели.

Системот, на пример, се инсталира на хеликоптерите Ка-52, како и на Ми-28 и Ми-26.
 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња