Tурција годинава се надева на 2,5 милиони руски туристи

Минатата година во Турција престојувале 4,5 милиони руски туристи.

Властите на Турција се надеваат дека во 2016 година земјата ќе ја посетат околу 2.5 милиони руски туристи, изјави министерот за култура и туризам на Турција Махир Унал.

„Минатата година во Турција престојуваа 4,5 милиони руски туристи. Верувам дека годинава ќе има не помалку од 2,5 милиони“, изјави министерот.

Тој истакна дека недостатокот од посетители од Русија ќе го компензираат домашните туристи и гости од Иран. Освен тоа, министерот изјави дека во 2016 година се очекува зголемување на туристичкиот прилив од Украина до 1 милион луѓе, пишува „Лента.ру“.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња