САД сакаат да ја блокираат зделката за продажба на руски Су-30 на Иран

САД сакаат на стават вето на продажбата на руски Су-30 на Иран.

Заменикот-државен секретар на САД Томас Шенон изјави за намерата на американската влада да го искористи правото на вето во однос на зделката за испорака на авиони Су-30 меѓу Русија и Иран, пишува „Рамблер Њуз Сервис“.

„Ќе го блокираме одобрувањето на зделката“, соопшти Шенон, истакнувајќи дека секоја продажба од таков вид треба да биде одобрена од Советот за безбедност на ООН.

Во февруари 2016 година министерот за одбрана на Иран Хосеин Дехкан изјави за плановите на владата да купи руски Су-30. Според условите на првичниот договор, Техеран требаше да учествува во производството на авионите.

 

 

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња