Медиуми: Ријад е подготвен на условен сојуз со Москва

Како одговор на слабеењето на позициите на САД на Блискиот Исток и обидите на Вашингтон да ги подобри односите со Техеран, Саудиска Арабија реши „да работи со Москва“, пишуваат медиумите.

Без оглед на тоа што Русија е сојузник на низа земји кои настапуваат како противтежа на Саудиска Арабија, Ријад е подготвен на условна алијанса со Москва, пишува „Фајненшел Тајмс“.

„Принцот Мохамед бин Салман го прави она што арапските чиновници го нарекуваат „функционални и содржински“ односи со претседателот Путин, чија агенда ја прават Сирија, можното купување оружје од Русија и инвестициите во руската економија и заедничките обиди да се стабилизираат цените на нафтата со помош на замрзнувањето на обемот на производството“, пишува изданието.  

Весникот истакнува дека тоа може да претставува еден од доказите за слабеењето на влијанието на САД на Блискиот Исток.

„Зајакнувањето на врските меѓу Русија и Саудиска Арабија овозможува со сигурност да се зборува за слабеењето на регионалното влијание на САД кои беа сојузници на кралството 70 години“, се вели во текстот. 

„Откако Барак Обама почна да ги подобрува односите со Иран, а Русија ја почна воената операција во Сирија – која американскиот претседател се обидува да ја избегне, - Саудијците решија да работат со Москва, со надеж дека таа ќе може да влијае на Техеран“, пишува „Фајненшел Тајмс.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња