Елена Мајаковскаја, ќерката на советскиот поет-модернист Владимир Мајаковски, почина на 1 април во Њујорк на 89-годишна возраст.
Директорот на музејот „Мајаковски“ ја соопшти веста на Фејсбук на 4 април.
Мајаковскаја, позната на Американците како Патриција Томпсон, е родена 1926 година и е ќерка на руската емигрантка Ели Џонс (Елисавета Зиберт). Се има сретнато со татка си само еднаш, 1928 година во Ница.
Има работено како уредник на неколку списанија, има пишувано рецензии за филм и музика, како и уредувано романи, детективски приказни и научна фантастика.
Има напишано околу 15 книги, вклучувајќи ја и Мајаковски на Менхетен за посетата на нејзиниот татко на Соединетите Држави во 1925 година.
Во 2013 година Томпсон даде интервју за Russia Beyond The Headlines во кое зборуваше за љубовната афера на нејзините родители, нејзините руски корења и нејзиниот живот во САД.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче