Бридлав: Претседателот на Русија создаде силна армија

Командантот на силите на НАТО во Европа Филип Бридлав истакна дека Алијансата на претстојниот самит во Варшава треба да донесе одлука за зголемувањето на вооружените сили во Европа.

Претседателот на Русија Владимир Путин последниве пет години создаде силна армија, изјави командантот на Здружените вооружени сили на НАТО во Европа генерал Филип Бридлав, пренесува ТАСС.

„Последниве пет години тој (претседателот на РФ) многу инвестираше во своите вооружени сили. Создаде добри копнени сили. Ги видовте неговите воздушни сили во Русија каде ги поминаа тестирањата. Создаде ракети со голем радиус на дејствие со точно наведување кои ги лансираа како од бродови, така и од подморници. Создаде можност да демонстрира сила и успеа да ја покаже“, изјави  Бридлав во понеделникот во интервју за естонската телевизија.

Според зборовите на американскиот генерал, раководството на Русија продолжува да инвестира во армијата, без оглед на економските тешкотии.

„Тоа сведочи за неговата насоченост кон зголемување на силата и ефективноста“, смета Бридлав.

Во врска со тоа американскиот генерал смета дека Алијансата на претстојниот самит во Варшава треба да донесе решение за зголемување на вооружените сили во Европа. „Русија треба да сфати дека ако таа ја помине границата, тогаш нема да се сретне со една или друга држава, туку со цело НАТО“, наведе тој. „Единиците на НАТО во балтичките земји, Полска и други места како Романија и Бугарија покажуваат дека НАТО е на своето место“, потенцира американскиот генерал.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња