Сириската армија со поддршка од Воздушно-космичките сили на РФ на 3 април во целост го ослободи градот Ел Каратеин во провинцијата Хомс. Во текот на борбата со терористите на „Исламската држава“ руските сили ги употребија хеликоптерите Ка-52. Кадрите од примената на најновото борбено летало на ВКС РФ првпат во историјата беа објавени на интернет.
Претходно Министерството за одбрана на РФ објави видео од примена на противтенковски ракети од хеликоптери Ми-28Н против оклопна техника на исламистите во околината на сириска Палмира. Исто така на записот има кадри со уништување на објект во кој се скриле терористите.
Ка-52
Екипаж: 2 лица
Максимална маса на летање: 10800 кг
Максимална брзина: 310 км/ч
Далечина на дејствување: 520 км
Основно вооружување:
30-мм топ 2А42, ПТУР „Вихр“ (муниција 460 полнења)
Дополнително вооружување:
- блокови со ненаведувани ракетни полнења;
- топовски контејнери;
- ракети „воздух-воздух“ Р-73 и „Игла-В“, ракети Х-25МЛ
- ненаведувани ракети „воздух-земја“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче