Референдумот кој ќе му овозможи на претседателот на Јужна Осетија да се обрати до раководството на Русија со инцијатива за влегување на републиката во состав на РФ треба да се одржи во следниве неколку месеци, изјави лидерот на Јужна Осетија Леонид Тибилов, пренесува РИА „Новости“.
Минатата недела Тибилов ја посети Москва каде се сретна со претседателот на Русија Владимир Путин и со кого разговараше за обезбедувањето на стабилноста и безбедноста во Закавказјето.
Според зборовите на првиот човек на Јужна Осетија, тој исто така дискутирал со Путин за прашањето за референдум, кое „бара правно осмислување“. За негова реализација потребно е да се внесат измени во уставот на републиката, прецизираше Тибилов на прес-конференцијата.
Тој објасни дека измените во законот треба да му дадат на претседателот „право да се обрати до претседателот на РФ со предлог за создавање единствен сојузен орган кому ние ќе му ги предадеме своите овластувања“. „На тој начин, ние ја ослободуваме Русија од политички ризици кои би можеле да настанат при директното влегување (во нејзин состав)“, истакна Тибилов.
Тој потенцираше дека референдумот ќе се одржи во најскоро време „не за година, не за две и дури ни за половина година, ами порано“.
Јужна Осетија, како и Абхазија, прогласија независноство август 2008 година, по вооружената агресија на Грузија. Русија на 26 август 2008 година го призна суверенитетот на двете поранешни автономни области. Москва повеќепати има изјавено дека признавањето на независноста на двете поранешни грузиски автономни области ги одразува постојните реалии и не подлежи на ревизија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче