Шојгу нареди итна обнова на зградата на Министерството за одбрана на РФ

Министерот за надворешни работи на РФ Сергеј Шојгу нареди во најкраток рок да се обнови и зачува притоа историскиот облик на зградата на министерството во Москва каде денеска настана пожар, соопшти портпаролот на одбранбениот ресор Игор Конашенков.

„Од министерот за одбрана на РФ генерал на армија Сергеј Шојгу е дадена задача да се оцени степенот на оштетеност на зградата како резултат на пожарот и, пред сѐ, неговите носечки конструкции. Сергеј Шојгу нареди во најкраток рок да се обнови зградата со задржување во целост на нејзиниот историски облик“, изјави Конашенков.

Денеска Министерството за одбрана на РФ соопшти дека во административниот корпус на ресорот, во една од технолошките простории кои се наоѓаат под ремонт настанал пожар.

Подоцна оганот од третиот кат се префрлил на внатрешните делови на четвртиот и на петтиот кат, а потоа на покривот. До вечерта огнот беше во целост изгаснат, пишува РТ на руски.  

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња