Руската авијација до крајот на 2018 година ќе добие 30 ловци Су-30СМ

Су-30СМ е повеќенаменски суперманеварски ловец од генерацијата „4++”.

Министерството за одбрана на РФ и корпорацијата „Иркут” склучија договор за испорака на повеќе од 30 повеќенаменски ловци Су-30СМ до крајот на 2018 година, соопшти пред-службата на Министерството за одбрана на РФ.

„Во рамките на државната програма за набавки за периодот 2016-2018 година, Министерството за одбрана на Русија и корпорацијата „Иркут“ склучија договор за испорака на Воздушно-космичките сили на Русија повеќенаменски ловци Су-30СМ (...) Според условите на договорот, до крајот на 2018 година Воздушно-космичките сили ќе добијат преку 30 повеќенаменски ловци Су-30СМ”, се наведува во соопштението што го пренесува „Взгљад“. 

Договорот за испорака го потпишаа заменик-министерот за одбрана на РФ Јуриј Борисов и претседателот на корпорацијата „Иркут” Олег Демченко.

Су-30СМ е повеќенаменски ловец-пресретнувач со две седишта. Наменет е за управување со групни борбени дејствија за здобивање „надмоќ во воздух“, уништување на десанти на противникот во воздух, како и за воздушно набљудување и уништување копнени и надводни цели.  

Су-30СМ е способен да примени современо и високопрецизно вооружување од класите „воздух-воздух“ и „воздух-земја“. Една од предностите на Су-30СМ е летање до 3 илјади километри без дополнително полнење гориво во воздух или со дополнителни резервоари.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња