Ердоган: Засега нема затоплување во односите меѓу Турција и Русија

„Се надеваме дека ќе се случи определено затоплување и дека ќе ги надминеме потешкотиите меѓу нас. Но во овој момент тоа сѐ уште не се случува“, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган изјави дека се надева на нормализација на односите со Русија. Како што соопшти телевизијата „Хабер Турк“, ова тој го изјави во Вашингтон во текот на средбата со турските новинари во турската амбасада, пренесува ТАСС.

„Се надеваме дека ќе се случи определено затоплување и дека ќе ги надминеме потешкотиите меѓу нас. Но во овој момент тоа сѐ уште не се случува“, изјави тој.

Турскиот лидер исто така укажал на отсуството на руските претставници на самитот за нуклеарна безбедност во САД, на чии маргини се одржуваа билатерални контакти меѓу шефовите на државите и на владите на земјите-учеснички.

„Русија не испрати на самитот во Вашингтон ниту ни претставник на ниско ниво. Овде воопшто ја немаше Русија“, истакна тој.

Во Турција во последно време истакнуваат дека Москва почнала да дава некакви сигнали за затоплување на односите со Анкара.


 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња