Политикологот Петар Акопов е убеден дека нема да дојде до нова војна во Нагорно Карабах. „Сега ситуацијата е суштински поразлична од почетокот на 90-те, кога почна претходната војна. Тогаш во Москва имаше дефицит на политичка волја и немоќ Ерменците и Азербејџанците, кои во 1988 година почнаа отворен спор за Карабах, да се повикаат при себе, што доведе до меѓунационални конфликти. Незнаечката и слаба реакција ги покажа сите слабости на Горбачов и така Карабах беше еден од катализаторите на растурањето на СССР”, изјави Акопов за „Взгљад”.
Експертот признава дека „Баку посакува реванш”, „Ереван ја сфаќа нестабилноста на положбата на Карабах” и дека „статусот кво е невозможно да се смени без нова голема војна“.
„Но таа војна не е можна, затоа што Ерменија и Азербејџан не постојат сами за себе, туку претставуваат, и покрај целата независност, дел од постсоветскиот простор. А овој простор, иако и понатаму е сцена за судири меѓу Русија и САД, а во случајот со Кавказ исто така и Турција, сепак последниве години сѐ повеќе се враќа под влијанието на Москва”, истакнува политикологот.
„По формирањето на Евроазиската унија Ерменија стана дел од неа, а имајќи предвид дека таа исто така е сојузничка на Русија во Организацијата на Договорот за колективна безбедност, јасно е дека ако се води војна против неа значи да се војува против Русија. На Азербејџан тоа воопшто не му е потребно. Баку сака да ги задржи добрите односи и со Москва и со Турците, а никако не сака да си игра изградба на антируски ѕид од Балтичкото до Каспиското море, за што зборуваат некои атлантски стратегии”, смета Акопов.
Според неговото мислење, решавање на прашањето за Карабах е можно само под патронат на Русија и во случај двете држави во конфликтот да се наоѓаат во сојузнички односи со Москва. „Секој обид да се предизвика нова војна во Карабах, што би им одговарало само на надворешните сили, Русија одлучно ќе го спречи”, заклучува експертот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче