Захарова за масовните гробници во Сирија: „Веројатно, умерената опозиција“

Портпаролот на МНР РФ Марија Захарова ги коментираше на својот Фејсбук вестите за откривањето на масовна гробница со тела на цивили во Палмира.

„Веројатно тоа го сториле умерените“, напиша портпаролот на руската дипломатија Марија Захарова на својот Фејсбук-профил.

Руската страна повеќепати ги молеше партнерите да дефинираат која од завојуваните страни во Сирија може да се смета за „умерена“ опозиција.

Претходно министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров нагласи дека најчесто „умерената“ опозиција обучувана од Американците преминува а страната на терористите. Лавров ги предупредуваше партнерите на Руската Федерација дека терористите не можат да се делат на „добри“ и „лоши“, потсетува РТ на руски.

Сириската војска вчера во Палмира откри масовна гробница со тела на 25 цивили, меѓу кои претежно се жени и деца. Сите убиени се жртви на терористичката организација „Исламска држава“. Подоцна со ексхумацијата се најдени уште 15 жртви, а војската стравува дека тој број може да биде и поголем, пренесоа медиумите. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња