„Претседателот Путин апелира страните во конфликтот веднаш да го прекинат огнот и да покажат воздржаност“, соопшти Песков.
И МНР РФ ги повика страните на воздржаност и откажување, без одлагање, од сите видови насилство. Таа нагласи дека рускиот дипломатски ресор го следи развојот на ситуацијата и дека почнал консултации со партнерите од Минската група при ОБСЕ.
Нагорно Карабах, населен претежно со етнички Ерменци, прогласи независност од Азербејџан во 1991 година. Баку се обиде да го врати овој регион под своја контрола со воена операција, но доживеа неуспех. Азербејџан, Ерменија и непризнаената Република Нагорно Карабах потпишаа во мај 1994 година со руско посредништво протокол за примирје, пишува „Лента.ру“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче