„Гаспром“: Испораката на гас во Велика Британија зголемена за 240%

Во купувањето руски гас во Европа предничат долгогодишните нето-извозници на гас како Велика Британија и Холандија, изјави генералниот на „Гаспром“ Алексеј Милер.

 „Гаспром“ во првото тримесечие годинава ја зголеми испораката на гас во Велика Британија за 240% во споредба со истиот период минатата година. Ова го изјави  генералниот директор на руски „Гаспром“ Алексеј Милер зa „Рамблер Њуз Сервис“.

Во купувањето на гас во текот на првиот квартал од 2016 година предничат земјите кои со години се нето-извозници на гас во Европа. Врз основа на прелиминарните податоци, испораката на гас во Велика Британија е зголемена за 242,6% (за 3,9 милијарди кубни метри), а во Холандија за 122,7% (за 579 милиони кубни метри), изјави Милер.

„Рамблер Њуз Сервис“ пишува дека од 1 јануари до 15 март годинава рускиот концерн го зголемил извозот во странство за 33,5% до 36,5 милијарди кубни метри.

Во средината на јануари оваа година претседателот на бордот на директори на холдингот Виктор Зубков соопшти дека во текот на последните три години „Гаспром“ во Европа испорачал 67,5 милијарди кубици, или една третина од европската потрошувачка на гас.  

„Гаспром“ минатата година ја зголеми испораката на гас во странство за 8% во однос на претходната година, на 159,4 милијарди кубни метри (извозот во Германија е зголемен за 17%, во Италија за 12,6%, во Франција речиси за 37%, во Велика Британија за 10%).

 

 

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња