Наградата „Ника“ во категоријата „најдобар филм на годината“ ја доби филмот „Мили Ханс, драги Петар“ на режисерот Александар Миндадзе.
За најдобар режисер беше прогласен Станислав Говорухин за филмот „Крај на една прекрасна епоха“, додека за најдобар сценарист е прогласен Александср Миндадзе за „Мили Ханс, драги Петар“.
Најдобра актерка е Ирина Купченко („Учителка“ на Алексеј Петрухин), а најдобра игра за женска споредна улога прикажа Ина Чурикова во филмот „Земјата Оз“. Најдобар во машка споредна улога е Михаил Ефремов („За љубов“ на Ана Меликјан). Наградата за најдобра машка улога отиде во рацете на двајца актери – кај Данила Козловски за „Духлесс-2“ и кај Александар Јаценко за „Инсајт“.
Во номинацијата „најдобар филм од земјите на ЗНД и Балтикот“ победи филмот „Небесен номадски логор“ на киргискиот режисер Мирлан Абдикаликов.
За „најдобар анимиран филм“ е прогласен „Волкот Васја“ на Екатерија Соколова.
Наградата „Ника“ првпат беше врачена во 1988 година. Основач е режисерот Јулиј Гусман. Најпрвин беше доделувана како награда на Сојузот на кинематографи на РФ, а подоцна беше основана и академија која ги бира номинациите и лауреатите. Академијата во моментов брои 621 член и на нејзино чело е режисерот Андреј Кончаловски, пишува „Интерфакс“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче